Ракометарите на Вардар одиграа нерешено 34:34 на госутувањето кај Валур на Исланд во дуелот од 5.коло од Ф групата од Лигата Европа. Нерешениот резултат е и најреалниот исход откако во текот на натпреварот беше нерешено дури 15 пати (11 во вториот дел). Вардар натпреварот го одигра без голманот Еспиња, како и Борозан и Лазаревски.

Почетокот на натпреварот мина во знак на домашниот тим, кој имаше минимално водство, а Вардар успеваше да изедначи и така беше се до 7:7 во 14.минута. Во минутите што следеа Валур успеа да се „одлепи“ и поведе со 14:9 во 19.минута, по што следеше тајм аут за тренерот на Вардар Гиљермо Милано. Советите донесоа резултат и следуваше серија на „црвено-црните“ 5:1 за 15:14 за исландскиот тим. На полувреме Валур имаше гол позитива – 18:17.

По пет изедначувања на стартот од вториот дел, Вардар во 41.минута поведе со 24:23 по голот на Срдановиќ. Но, следуваше серија од 6-2 за Валур и водство од 29:26 и нов тајм аут за тренерот на Вардар. Брзо „црвено-црните“ стигнаа до изедначување – 30:30, а во 58.минута Вардар го имаше и второто водство од 33:32. Во завршницата Густафсон го запре ударот на Срдановиќ и резултатот остана 33:33. Во 59.минута Гогов го одбрани својот гол, па „вардарци“ имаа напад за водство, но удраот на Јагуроновски не заврши во противничката мрежа и така пропадна можноста за водство во последната минута. По водството на Валур во последниот напад, Вардар успеа да дојде до удар од 7.метри откако еден од домашните играчи поради игра со нога доби црвен картон, што значеше и седмерец за Вардар, кој Срдановиќ го реализираше за 34:34.

Пордарсон кај Валур беше најефикасен со 11 голов, додека кај Вардар Георгиевски, Срдановиќ и Мархели постигнаа по 5. Голманот на Валур искусниот Густафсон имаше 16 одбрани.

На вториот дуел од групата Мелсунген го совлада Порто со 32:27.

Бундеслигашот Мелсунген е лидер на табелата со 10 бодови, втор е Порто со 5, Вардар има 3, а Валур е последен со 2.