Македонските кошаркари ги очекува двомеч со селекцијата на Литванија во квалификациите за ЕП 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски денеска (13 часот) ќе ја направи првата прозивка на играчите што се на неговиот, сега скратен список. На истиот се и Ненад Димитријевиќ и Итан Хап.

Сепак, Димитријевиќ најави дека ќе го прескокне првиот дуел со Литванците во Скопје, а можеби ќе се стави на располагање за вториот.

Хап треба да допатува во Скопје, но дали ќе може да игра останува да се види. Американецот, изминатиот период поради повреда, пропушти неколку натпревари за шпанската Валенсија.

Кошаркарите ќе тренираат во СЦ „Кале“ каде во четврток ќе се игра првиот дуел со Литванците, а три дена подоцна, следува гостување во Клаипеда.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – Работнички
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Страхил Николов – ТФТ
Бобан Стајиќ – Пелистер
Кристијан Николов – Џеди Осман академи (Турција)
Адем Мекиќ – Бора (Косово)
Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)
Итан Хап – Валенсија (Шпанија)
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)