Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година повторни е поразена од врсниците од Косово. Новата генерација на македонски младинци родени 2004-та и помлади, одново разочара.

Откако пред три дена избраниците на Канатларовски беа собладани со 1-2, денеска тие загубија од косовските врсници со 0-1.

На натпреварот одигран на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, стрелец на единствениот гол беше Битиќи во 40-тата минута.

Овие два натпревари се показател дека Канатларовски и неговиот стручен штаб ќе имаат многу работа пред младинската селекција да ги почне официјалните натпревари.