Дерби дуелот од 11.коло во јужноамериканските квалификации за СП меѓу Уругвај и Колумбија донесе голема драма. На натпреварот одигран во Монтевидео беа постигнати пет гола, а домаќините се радуваа со погодокот во 101-тата минута со 3-2.

Со голот на Кинтеро во 31. минута гостите први поведоа со 0-1, резултат кој остана до крајот на првиот дел. Израмнувањето дојде до 57.минута која Санчез си постигна автогол. Само три минути (60) Агире и донесе предност на домашната селекција со 2-1.

Тој резултат беше актуелен се до судиското дополнение. Колумбија во шестата минута на продолжувањето (90+6) израмни преку Гомез. Кога сите очекуваа дека тоа ќе биде конечниот резултат, во 101-та минута Угарте постигна гол за победа на Уругвај со 3-2 и делириум на стадионот во Монтевидео.

Уругвај сега изби пред Колумбија на второто место на табелата, а двете селекции имаат по 19 бодови, два помалку од лидерот Аргентина.

Натпреварите од следното 12.коло ќе се играат на 19 и 20 ноември, а во дербито Бразил ќе го пречека Уругвај.