Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ дефинитивно ќе го пропушти дуелот со Литванија во Скопје. 

Популарниот Нено го потврди она за што веќе пишувавме. Тој и неговиот тим Армани Милано истиот дел имаат натпревар проти в Макаби во Евролигата. 

Сепак Димитријевиќ остава шанса да се приклучи на репрезентацијата на Македонија три дена подоцна кога ќе се игра реваншот во Литванија. 

„Нема да го играм првиот (21 ноември). Истиот ден играме со Макаби во Евролигата, па нема да бидам подготвен за натпреварот во Скопје.

Се надевам дека ќе играм во Литванија (три дена подоцна).

Се надевам дека ќе бидеме конкурентни, таа победа би ни била важна.
Би сакал да имаме шанса да се пласираме на Евробаскетот“,

изјави Димитријевиќ за Спорт Клуб.

Македонскиот репрезентативец вечерва со својата екипа гостува во Белград кај Партизан.