Машката ракометна репрезентација на Македонија во јануари ја чека нов настап на Светското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров на првиот список има дури 35-мина ракометари. Секако дека овој список ќе биде дополнително скратен пред стартот на подготовките, а ќе претрпи и ревизија пред шампионатот.
Македонија ќе игра во „Д“ група во Вараждин, против Гвинеја , Холандија и Унгарија.
Распоред е следен:
15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот