Минатогодишните финалистки ракометарките на Чаир се првите што обезбедија пласман во полуфиналето на ова натпреварување.
Во интересен и до самиот крај неизвесен натпревар ракометарките на Чаир го совладаа Куманово со еден гол разлика 28-27. Иако кон средината на првиот дел домаќинките имаа пет голови предност во два наврати, на одмор се замина со еден разлика 14-13.
На почетокот на вториот дел чаирчанки направија четири гола предност кои кумановки долго ги бркаа. Успеаја тоа да го сторат во 55.минута и да израмнат на 25-25. До крајот си играше гол за гол. На 6.секунди пред крајот Бојана Диневска успеа да погоди на 28-27. Гостинките го имаа последниот напад, но Магдалена Којовиќ успеа да одбрани и да им донесе радост на домашните ракометарки.
Со 9 постигнати голови Стефанија Ѓеоргиевска беше најефикасната во победничлката екипа за која Теодора Гулицоска постигна 7 гола. Исто толку (7) на спротивната страна за кумановки реализира Нена Нестороска.
Така ракометарките на Чаир се првите што обезбедија пласман на завршниот турнир што ќе се игра во нај месец.
Вториот учесник ќе го дознаеме вечерва по мечот Спартак – Металурег Автокоманда. Останатите два по дуелите закажани за во вторник и среда.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА
Б ГРУПА финале
ЧАИР СКОПЈЕ – КУМАНОВО 28-27
A ГРУПА финале
Недела 18.30 СПАРТАК – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
В ГРУПА финале
Среда 18.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ГЕВГЕЛИЈА
Г ГРУПА финале
Вторник 17.00 ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
Трофејот во Купот на Македонија го бранат ракометарките на Ѓорче Петров.