Екипата на Атланта приреди големо изненадување елиминирајќи го Интер Мајами во првата рунда од плејофот на американскиот фудбалска шампионат (МЛС).
Во мајсторската односно третиот решавачки натпревар Атланта славеше со 3:2 и ги елиминира, Меси, Суарез и другарите.
Бадијала Интер доминираше на теренот кога гостите беа конкретни и погодуваа.
Се започна добро за Интер Мајами, бидејќи Рохас погоди во 17. минута за 1:0.
Но, четири минути подоцна Интер веќе заостануваше! Сенегалецот Џамал Тиаре постигна два гола во 19. и 21. минута за водство на Атланта 1:2.
Интер тргна на се или ништо, очекувано на сцена стапи Лео Меси, кој во 65. минута беше највисок во скокот и не баш во негов стил погоди за 2:2.
Но, одбраната на Интер повторно покажа дека не е достојна да се бори за титулата. Полјакот, Бартош Слиш во 76. минута погоди за конечни 2:3!
Интер Мајами на тој начин испадна од плејофот иако беше најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, а Атланта дури деветта.
Бадијала остана брилијантната сезона на Меси кој постигна 20 гола и запиша 10 асистенции на 19 одиграни натпревари.