Во сенка на контроверзниот натпревар меѓу Скопје – Гевгелија, минаа останатите седум дуели од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција.

Без изненадувања минаа тие натпревари, а фаворитките ги оправдаа очекувањата и изборија пласман во финалните дуели во четирите групи. Со тоа познати се осумте екипи што ќе се борат за место на завршниот турнир што ќе се игра во мај месец.

Но останува прашањето каква ќе биде реакцијата на РФМ за споменатиот натпревар. Ова особено што Министерот за спорт, Борко Ристовски најави ригорозни казни за „местачите“.

Инаку на РФМ, натпреварот Гевгелија – Ѓорче Петров е делегиран (закажан) за во среда.

Првите два тима учесници на завршниот „фајнал-фор“ турнир во мај месец, ќе ги дознаеме денеска.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА
A ГРУПА финале

Недела 18.30 СПАРТАК – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
Б ГРУПА финале
Недела 16.00 ЧАИР СКОПЈЕ – КУМАНОВО
В ГРУПА финале
Среда 18.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ГЕВГЕЛИЈА
Г ГРУПА финале
Вторник 17.00 ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Трофејот во Купот на Македонија го бранат ракометарките на Ѓорче Петров.

Ивона Кимовска