Фудбалерите на Аталанта славеа нова, осма победа во италијанската Серија А. Тимот од Бергамо пред своите симпатизери го совлада Удинезе со 2:1 во натпревар од 12-тото коло.

Гостите од Удине првиот дел го завршија со предност. Во судиското дополнение (45+3) Камара беше стрелец на голот за 0:1.

Во второто полувреме домаќините за само четири минути направија пресврт.

Во 56-тата минута стигна израмнувањето преку Беланова, а четири минути подоцна Туре си постигна автогол за 2:1 за Аталанта.

Со оваа победа екипата на Аталанта сега има 25 бодови како и прво пласираниот Наполи. Зад нив се Интер и Јувентус со еден помалку. Тимовите од Неапол и Милано допрва треба да ги играат своите натпревари од ова коло.