Попладнево се одиграа натпреварите од 14.коло во ПМФЛ, по кои веќе нема не поразени екипи.

Фудбалерите на Работнички го претрпеа првиот пораз и тоа на гостувањето кај шампионот Струга ТЛ со 0-1. Во 29-тата минута домаќините бараа најстрога казна, но судијата Димитар Пилешков не се реши за тоа. Затоа во 34.минута, нов спорен момент. По брзо изведениот слободен удар, Укпа со гради асистираше до Кехинде кој ја затресе мрежата на „романтичарите“. Гостите од Скопје бараа офсајд, но не го добија, па Струга поведе со 1-0.

Поразот на Работнички го искористија неговите ривали.

Во Тетово, екипите на Шкендија и АП Брера го одиграа најефикасниот натпревар кој го добија домаќините со 4-3. Со два брзи гола на Цаке (11) и Раманади (14.минута) тетовци поведоа со 2-0. Струмичани не се откажаа, па со прекрасниот гол на Марјан Ристовски намалија на 1-2. Во вториот дел Србинот, Ивковиќ во 51.минута стигна израмнување (2-2). Но две минути подоцна, грешката на гостинската одбрана ја казни Адеми за ново водство на Шкендија со 3-2. Стрелец на четвртиот гол за тетовци беше Крстевски во 66-тата, а Ивковиќ од пенал во 77.минута го ублажи поразот.

Ефикасно беше и на студиото „Борис Трајковски“ во Маџари, каде Гостивар убедливо со 4-0 ја победи Воска Спорт со 1-0. Единствено немаше голови на дуелот во Кавадарци каде Тиквеш ја пречека Беса.

Во Кратово, Силекс го победи Пелистер со 1-0 со евроголот на Додев во 12-тата минута.

Дуелот на лутите скопски ривали Вардар и Шкупи заврши со победа на вардарци со 3-2.

Јапонецот, Канда во 10-тата минута го отвори резултатот за водство на гостите од 0-1. Вардарци брзо се вратија во игра. Во 31.минута по слободниот удар што го изведе Горан Закариќ топката закачи еден од фудбалерите на гостите во живиот ѕид и го измами Денковски. Во 40-тата минута повторно уфрлувањето во шеснаесетникот на Шкупи се покажа кобно за гостите. На вистинското место Кристијан Николовски кој му донесе предност на Вардар од 2-1. Во вториот дел чаирчани притискаа за израмнување и преку Ибиши во 76.минута успеаја во тоа. Но радоста на гостите не траеше долго бидејќи Дарко Мицевски во 83.минута повторно им носи водство на вардарци. Тоа беше и последниот гол на натпреварот па Вардар славеше со 3-2.

По поразот, Работнички падна на четвртото место со 25 бодови колку што има и петто пласираната Струга. Пред нив со по 27 бодови се Шкендија, Гостивар и Силекс.

На дното на табелата мала промена. Зад Воска која е 10 место сега е Вардар, а двата тима имаат по 11 бодови еден повеќе од Тиквеш кој е последен.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 14 КОЛО

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1-0
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 1-0
ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА 4-3
ВАРДАР – ШКУПИ 3-2
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 4-0
ТИКВЕШ – БЕСА 0-0

СИТЕ ГОЛОВИ ОД 14.КОЛО МОЖЕ ДА ГИ ВИДИТЕ ОВДЕ