Претстојните натпревари на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, се причината за одигрување на натпреварите во ПМФЛ в сабота, наместо вообичаено во недела.

Дербито од 14-тото коло ќе се игра во Струга каде шампионот и петто пласиран тим на табелата, го пречекува лидерот и непоразен досега Работнички.

Во Кратово екипата на Силекс која е на 3.место ќе се обиде да ја продолжи низата од седум натпревари без пораз во дуелот со Пелистер.

Интересно се очекува да биде и во Тетово каде трето рангираната Шкендија ќе игра против АП Брера.

Но најголемо внимание ќе привлече дуелот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје. Таму ќе играат некогашните шампиони и лути ривали Вардар и Шкупи. Двата тима се далеку од посакуваните позиции на табелата, а особено вардарци кои се на последното место. Натпреварот ќе мине и во знак на враќањето на Гоце Седлоски на кормилото на Вардар, кој пак од нивната навивачка група „Комити“ беше дочекан „на нож“.

Во останатите два натпревари Гостивар ја пречекува охридска Воска спорт, а во Кавадарци, Тиквеш ќе игра против Беса.

Сите натпревари ќе се играат во терминот од 13 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).

ПРВА ЛИГА 14.КОЛО

САБОТА (13 часот)
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА
ВАРДАР – ШКУПИ
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ
ТИКВЕШ – БЕСА

СИТЕ НАТПРЕВАРИ МОЖЕ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ