Најдобрата женска фудбалска репрезентација ги дозна противниците за новото издание во Лигата на нациите.

Денеска во Нион беше одржана ждребката за второ издание на УЕФА Лигата на нации во женска кокнкуренција.

Македонките фудбалерки за противници ги доби селекциите на Летонија и Косово против кои ќе играат ви групата 6 од „Ц“ сегментот.

По извлекување, селекторот на Македонија, Александар Андов даде своја оценка за нашите противници.

„Морам да признаам дека добивме група по мерка. Се работи за противници кои ни се добро познати и со кои бевме во група во изминатите два циклуса.

Мислам дека сега е вистинското време да го направиме тој чекор напред и да успееме да го освоиме толку посакуваното прво место во групата. Верувам дека можеме , умееме и имаме квалитет за такво нешто.

Во следниот период се надевам дека ќе ги завршиме и преговорите околу пријателските натпревари што треба да ги одиграме и кои ќе претставуваат одлучна подготовка за предизвиците што ќе не очекуваат во новиот циклус од Лигата на нации“, изјави Андов.