Раководството на ФК Вардар утринава го промовира Гоце Седлоски за иден тренер на клубот. Иако станува збор за тренерот со кој вардарци ги освоија последните две шампионски титули, сепак навивачите на црвено-црните се против.

Попладнево со своја реакција излезе навивачката група на Вардар популарните „Комити“. 

Во нивното соопштение на Седлоски му порачаа:

„Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!“

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението на „Комити“.

„СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!
Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!
Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!
Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!
Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!
КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!“