Најдобрите македонски ракометари трет ден се подготвуваат за стартот на новиот циклус квалификации.
Сега Македонија ја очекува натпреварите во квалификациите за ЕП 2026 година.

Меѓу 20-мината повикани ракометари е и младиот голман на Алкалоид, Иван Гелевски.

Честа да се настапува во дресот на Македонија истовремено е обврска, за младиот голман кој потенцира дека секоја дадена шанса ќе се обиде да ја оправда. Воедно Галевски нагласува дека на првите два натпревари Македонија ќе атакува на победи.

Македонија квалификациите ќе ги почне со дуелот против Естонија на домашен терен, а потоа ќе и гостува на Литванија. Во нашата „А“ група е и селекцијата на Словенија. Ова е одлична група од која двете прво рангирани ќе обезбедам место на ЕП што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Првиот натпревар ќе се игра во среда во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 20 часот.

Дуелот со Литванија на програмата е четири дена подоцна (10 ноември – недела) во терминот од 17 часот.