Понеделнички вообичаено се објавуваат новите тениски рангирања. На машката АТП листа има повеќе промени во ТОП 10-те.
Победникот на Мастерсот во Париз, Александер Зверев сега е второ рангиран светски тенисер. Германецот е веднаш зад неприкосновениот Јаник Синер, а пред Карлос Алкараз кој падна на третото место.
Примена има и на четвртата позиција. Новак Ѓоковиќ не играше во Париз, па загуби 1000 поени, што го чинеше пад за една позиција. Сега Новак е петти, а на четвртото место е Данил Медведев. Отсуството од турнирите најтрофејниот тенисер Ѓоковиќ, најверојатно и при следното рангирање ќе го чини нов пад.
Шесто рангиран остана Американецот, Тејлор Фриц. Местата 7 и 8 ги сменија Каспер Руд и Алекс Де Минор, а деветти сега е Андреј Рубљев пред Григор Димитров.
Најдобро рангиран македонски тенисер е Калин Ивановски кој е на 911-тото место, што е скок за 17 позиции.