Со натпреварот одиграни во Кавадарци во кој Тиквеш го совлада Феникс комплетирано е 5.коло во Првата машка кошаркарска лига.
Кавадарчани до вториот овосезонски триумф стигнаа со победата од 97-84.
Гостите од Скопје во поголемиот дел на првото полувреме имаа предност, а најголемата изнесуваше 7 поени. Сепак во завршните 3-4.минути домашниот состав успеа да ја анулира и на одмор да замине со поен предност 44-43. Во третиот период Тиквеш беше оној што замина на +7, а на стартот на последниот дојде и до двоцифрена разлика (78-70). Знаеја како домашните кошаркари да ја одржуваа оваа предност за на крајот да слават со +13 (97-84).
Целата прва петорка во составот на Тиквеш заврши со двоцифрен број на поени. Најмногу реализира Американецот, Грин 23 на кои додаде и 7 скокови. Златев заврши со 18., Григоријевиќ со 15, а по 10 додадоа Младевовиќ и Американецот, Кари.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
ТИКВЕШ– ФЕНИКС 97-84
ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ 92-87
МКК КУМАНОВО – ГОСТИВАР 71-62
ТФТ – ШКУПИ 82-73
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 71-79
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ А. 95-94 продолжение (82-82)