Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни пет од шесте натпревари од 13-тото коло.
Дербито меѓу двете прворангирани екипи, Работнички и Шкендија заврши без победник и без постигнат гол.
Тоа го искористи кратовски Силекс кој сега има ист број на бодови како и тетовци, а еден помалку од „Романтичарите“. Во Струмица, екипата на Силекс славеше во дуелот со домашната АП Брера. Гостите од Кратово поведоа со голот на Бојан Рајков во 15-тата минута.
На останатите натпревари. Во Гостивар шампионот Струга Трим Лум со 2-1 ја победи Беса. домаќините поведоа со голот на Ваља (48-та минута). Гостите од Струга вратија со два брзи гола преку Јевтовски (63) и Кехинде (64).
Гол имаше само уште на Чаир, каде Гостивар со 1-0 го победи Шкупи.
Работички кој остана не поразен и по оваа рунда и натаму е прв со 25 бодови. Следуваа Шкендија, Силекс и Гостивар со по 24 бодови.
Колото ќе виде заокружено вечерва со дуелот во Битола, каде за прв пат ќе се игра под рефлектори. Таму ќе се сретнат вечните ривали Пелистер и Вардар во натпреварот што ќе почне од 19 часот.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 13 КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-0
АП БРЕРА – СИЛЕКС 0-1
БЕСА – СТРУГА ТЛ 1-2
ШКУПИ – ГОСТИВАР 0-1
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-0
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР од 19 часот