Во првиот натпревар од денешната програма, а во рамките од 5.коло, на Првата машка лига, екипата на ТФТ беше подобра од Шкупи.

На дуелот одиграв во СРЦ „Кале“ тимот од Тафталиџе славеше со 82-72 и остана перфектен забележувајќи ја петтата победа.

Рамноправи се играше во најголемиот дел од првото полувреме, за во завршните две минути ТФТ со серија 10-4 и да поведе со 40:34. Во второто полувреме односно третата четвртина домаќините ја направија клучната разлика, Избраниците на Боро Смилковски уфрлија 30 поени двојно повеќе од оние на Божиновски. Последниот период беше само чиста формалност па ТФТ на крај славеше со девет разлика (82-73).

Сапунџиев со 13 поени беше и најефикасен играч на ТФТ, за кој Зафиров даде 11, а Николов постигна десет. Во гостинската екипа, комплетната прва петорка имаше двоцифрен број на поени, а најмногу 21 Арчи.

Со оваа победа и максимални 10 бодови ТФТ ќе остане на 1.место на табелата.

Денеска на програмата се уште три натпревари.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
Сабота

ТФТ – ШКУПИ 82-73
14.00 ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
18.00 МКК КУМАНОВО – ГОСТИВАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ
Недела
18.00 ТИКВЕШ– ФЕНИКС
Петок
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ А. 95-94 (82-82)

ТАБЕЛА: ТФТ 10, Чаир 9, МЗТ Скопје Аеродром 8, Работнички 7, Пелистер 7, Кожув 6, Гостивар 6, Шкупи 6, МКК Куманово 5, Тиквеш 5, Феникс 5, Вардар 4;