Во натпревар од 8.коло од женската Супер лига МРК Ѓорче Петров (2) и Скопје заврши без победник 27:27.
На почетокот, екипата на Скопје успеа да поведе со 4:1, но Ѓорче Петров брзо возврати со серија од 3-0 и израмни на 4:4. Во 19-тата минута, Ѓорче Петров го зголеми водството на 11:8. Скопје неколкупати се обиде да израмни, но домашниот тим успеа да ја задржи предноста. На полувреме, Ѓорче Петров замина со водство од 15:13.
Во 38-та минута од второто полувреме, Скопје со серија од 3-0 израмни на 16:16. Ѓорче Петров повторно поведе со минимални +2 (21:19), но Скопје брзо возврати и изедначи на 21:21. Во последните десеттина минути двата тима играа борбено и се играше израмнето. Па така и натпреварот заврши израмнето со 27:27.
Најефикасна од домашната екипа беше Лашкоска Ања со седум погодоци, додека од екипата на Скопје Максимовска Наталија даде исто толку.
Претходно се одигра дуелот меѓу Стружанка и Астибо кој шаврши со победа на гостинките со 31-29.
Денешната програма ќе биде заокружена со дербито во кое шампионот Ѓорче Петров го пречекува Вардар.
Останатите три натпревари од ова коло ќе се играат утре.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – КОЛО 8
02.11.2024 – САБОТА
СТРУЖАНКА – АСТИБО 29-31
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – СКОПЈЕ 27-27
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР
02.11.2024 – НЕДЕЛА
14:00 ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
16:00 КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
19:30 СПАРТАК – ДЕСПИНА
Ивона Кимовска