Актуелниот шампион Ѓорче Петров лесно дојде до седмата победа во женската ракометна Супер лига. Во натпревар од 8.коло „Лавиците“ од Ѓорче убедливо го добија Вардар со 42:26.

Во првите десет минути од натпреварот се играше изедначено, со постојано нерешен резултат. Во 15-тата минута, Ѓорче Петров успеа да поведе со 9:5. Домашната екипа постепено ја зголемуваше предноста и со серија од 7:1 стигна до водство од 13:6. Иако Вардар неколкупати се обиде да ја намали разликата, Ѓорче Петров не дозволи промена. На полувреме, Ѓорче замина со убедлива предност од 22:14.

Во второто полувреме, Ѓорче Петров одигра рутински, држејќи ја контролата над натпреварот. Во 36-тата минута, домашната екипа ја зголеми предноста на +10 (27:17) и без потешкотии ја задржа таа разлика до самиот крај. Натпреварот заврши со убедливи 42:26 за Ѓорче.

Со максимални седум победи во исто толку одиграни натпревар Ѓорче Петров со 14 бодови, е на врвот на табелата во „А“ групата, додека Вардар остана на осум на втората позиција.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – 8.КОЛО

сабота
СТРУЖАНКА – АСТИБО 29-31
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – СКОПЈЕ 27-27
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР
недела
14:00 ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
16:00 КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
19:30 СПАРТАК – ДЕСПИНА

Ивона Кимовска