Тексашкото дерби во НБА лигата, го добија кошаркарите на Хјустон кои беа подобри од Далас на гостински терен. Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ не можеа сами иако направија се за да го вратат Далас од голема негатива.
„Рокетс“ имаа 23 поени предност, а Далас на две минути пред крајот успеа да се доближи на минус три. Имаа „Мавс“ и напад за израмнување, но Дончиќ ја загуби топката. Џејлен Грин на спротивната страна погоди тројка, па Хјустон дојде до победа со 108-102.
Кај Хјустон, Грин постигна 23 поени со 12 скока, Дилон Брукс и Алперен Сенгун додадоа по 17 поени (12 скока). Во поразот Далас, Дончиќ постигна 29 поени со пет скока, а Ирвинг 28 поени со осум скока и седум асистенции.
Фантастична партија одигра Виктор Вембањама, кој лидер во победа на Сан Антонио со 108-102 на гости кај Јута.
„Џезерите“ не можеа да го спречат и Французинот па тој натпреварот го заврши мечот со 25 поени, девет скока, седум асистенции, пет украдени топки, пет блокади.
Заедно со него одлично одигра и Крис Пол , кој забележа 19 поени, 7 скока и 10 асистенции. Кај Јута, прв стрелец беше Колин Секстон со 16 поени, а Кејонте Џорџ постигна 15.
Јанис Антетокунмпо не можеше сам против Мемфис. Остатокот од тимот потфрли, особено Демијан Лилард , кој остана на само четири поени со шутот 1/12. Мемфис, пак, одигра одлично и веќе имаше плус 22 на полувремето, за на крајот да слави со 122-99.
Бадијала Антетокумпо заврши дабл-дабл со 37 поени и 11 скока. Кај Мемфис, Џа Морант постигна 26 поени, десет скока и 14 асистенции, а Санти Алдама имаше 19 поени и девет скока.
ЛА Клиперси беа домаќини на Феникс и по првото полувреме се чинеше дека се на пат до нова победа. Но во преостанатиот дел од натпреварот се случи голем пресврт и гостите победија со 125:119.
На почетокот на вториот дел на семафорот стоеше 75:54 за домашните. Гостите не се предадоа и предводени од расположениот Девин Букер почнаа да ја намалуваат негативата. Тие го добија второто полувреме со 73:49 и вторпат во една недела ги победија Клиперси.
Девин Букер ги предводеше Санс со 40 поени и 8 асистенции, додека Ројс О’Нил додаде 21 поен со седум скока.