Лидерот во ракометната Супер Лига Алкалоид ја „запиша“ 10.та победа откако вечерва во салата Автокоманда го совладаа МРК Куманово со 40:25. Избраниците на Кирил Лазаров без поголеми проблеми стигнаа до победата.
Ракометарите на Алкалоид од самиот почеток најавија дека се подготвени да постигнуваат голови, па секоја грешка на гостите ја казнуваа и гостинскиот тренер Љубиа Димковски во 12.минута го побара првиот тајм аут, по серијата од 5-0 за Алкалоид. Во 20.минута домашниот тим стигна до +10 (17:7) . Во овој дел од играта најдобриот стрелец во Супер лигата Бразилецот Винициус имаше слаб ефект три голови, со неколку промашувања.
Во вториот дел предноста на Алкалоид воглавно беше 12-13 разлика како на полувреме (23:11), а кумановчани дојдоа и на десет негатива (31:21), но сепак во финишот на дуелот екипата на Лазаров стигна и до највисоките +15 (40:25).
Најефикасен на дуелот беше Александар Петкосвки со 9 голови (фото).
На вториот дуел одигран вечерва Тиквеш ја совлада Струга со 38:30.
Утре (сабота) во терминот од 18 часот играат: Вардар – Охрид, Радовиш – Пролет и Бутел – Еурофарм Пелистер, додека колото ќе биде комплетирано во недела со натпреварот меѓу Прилеп и Бисинов Фруит Ленд.
Алкалоид е прв на табелата со 20 бодови.