Македонскиот ракометен шампион се израдува на победа во Лигата на шампионите. Еурофарм Пелистер вечерва во Оденсе го совлада данскиот тим Фредериција со 25:23 (9:12).

За битолчани ова е прв триумф во овие две сезони откако е дел од Лигата на шампионите.

Со оваа победа Е.Пелистер го мина денешниот ривал на табелата во групата А и со 3 бодови се искачи на шестото место.
По стартното водство од 1:0 за Пелистер, домашниот тим подобро го „отвори“ натпреварот и поведе со 8:5 во 20.минута. Македонскиот првак по 8:8 и 9:9, повторно му дозволи на противникот да поведе со три разлика и на полувреме беше 12:9 за Фредериција.

Во вториот дел се случи пресвртот за победа. „Зелено-белите“ предводени од одличниот Митревски на голот во 34.минута изедначија на 13:13, а потоа го имаа и првото водство во вториот дел 13:14. По 15:15, битолчани со серија од 6-2 се доближија до првата победа откако поведоа со 21:17 (+4) во 51.минута.

До крајот на натпреварот избраниците на Звонко Шундовски ја задржаа предноста и ја запишаа првата победа.
Најдобар поединец на дуелот беше голманот Никола Митревски со 15 одбрани, а Филип Кузмановски постигна 5 голови.


Е.Пелистер во следното коло на домашен терен на 20.ноември го пречекува денешниот противник.