Екипите на Кливленд и Оклахома се двата тима кои останаа без пораз на стартот на сезоната во НБА лигата. Ова откако шампионот Бостон го претрпе првиот пораз на гостувањето кај Индијана и тоа по продолжение.

Тимот на Кливленд ја оствари петата победа совладувајќи го ЛА Лејкерс 134-110. Еван Мобли постигна 25 поени, a Донован Мичел 24, а Џерет Ален имаше двоен ефект со 20 поени и 17 скока за Кливленд. Кај гостите Леброн Џејмс беше прв стрелец со 26 поени, а Ентони Дејвис имаше 22 и 13 скока.

„Кавси“ за прв па по по 2016-17, кога беа предводени од Леброн, новата сезона ја почнуваат со серија од пет победи и без пораз.

И екипата на Оклахома не знае за пораз. „Тандерс“ во четвртиот натпревар ја забележаа четвртата победа, откако беа подобри од Сан Антонио со 105-93.

Лу Дорт постигна 20 поени, Чет Холмгрен додаде 19, Шаи ГжЏилгеус-Александер заврши со 18 поени, а Џејлен Вилијамс имаше 12 поени, осум асистенции и седум скока за Тандер. Инаку Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари со најмалку 12 поени разлика.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати.

Шарлот – Торонто 138:133
Филаделфија – Детроит 95:1065
Вашингтон – Атланта 133:120
Мајами – Њујорк 107:116
Чикаго – Орландо 102:99
Мемфис – Бруклин 106:119
Голден Стејт – Њу Орлеанс 104:89
ЛА Клиперс – Портланд 105:106