Селекторот на машката репрезентација Кирил Ларазов денеска со нов список на ракометари за првите два евро-квалификациско натпревари.
Откако пред два дена беше објави список од 35-мина сега тој е скратен на 20 ракометари и 8 резерви.
На списокот на Лазаров го нема Филип Талески, а меѓу резервите остана и искусниот голман Никола Митревски.
Првата прозивка Лазаров ќе ја направи 3 ноември (недела) во 14 часот во хотел Карпош во Скопје.
Македонските ракометари новиот квалификациски циклус ќе го почнат со дуелот против Естонија на 6 ноември во СЦ „Борис Трајковски“, а потоа гостуваат во Вилнус, кај Литванија на 10 ноември. Во групата „А“ група противник на Македонија ќе биде и селекцијата на Словенија.
Европскиот шампионатот што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка (од 15 јануари до 1 февруари 2026 година), а пласман ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.