Во првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 11-тото коло. Во нив четири победи забележаа домаќините во шесте одиграни натпревари, на кои само еден заврши без голови.

Само на градското дерби на арената „Тодор Проевски“ во Скопје мрежите мируваа. Во него фудбалерите на Работнички останаа не поразени, откако „Романтичарите“ одиграа 0-0 со Вардар.

Во дербито одиграно во Тетово, Шкендија и Струга ТЛ освоија по еден бод играјќи 1-1. Домашните поведоа со голот на Ибраими од пенал, а Кехинде во 73.минута израмни на 1-1

Трето рангираниот Силекс пред својата публика ја победи Беса си 2-0, со што кратовци сега имаа 20 бодови како и Шкендија, а три помалку од Работнички.

Најмногу голови беа постигнати во Маџари, каде Гостивар иако губеше од АЛ Брера со 0-1, на крајот победи со 4-1. Еден гол помалку видоа гледачите на Чари, во дуелот во кој Шкупи го победи Тиквеш со 3-1.

Предноста на домашниот терен не успеа да ја искористи Воска спорт која долго имаше предност против Пелистер кој извлече бод играјќи 1-1

Сите голови од денешните натпревари може да ги видите овде.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 11 КОЛО
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 1-1
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
ГОСТИВАР – АП БРЕРА 4-1
СИЛЕКС – БЕСА 2-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 3-1
ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР 1-1

СИТЕ ГОЛОВИ ОД 11.КОЛО ВО ПМФЛ