Дерби натпреварот од 9.коло на Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул ги оправда очекувањата и на нај пребирливите.
Дуелот на „Емирати“ во Лондон понуди динамичен фудбал, со четири гола и без победник 2-2.
Арсенал поведе со голот на Сака уште во 9-тата минута. Не мина долго (18.минута) кога Ван Дајк го израмни резултатот. Во финишот на првиот дел (43) Мерино со глава ја заби топката во мрежата на Ливерпул, за водство на „топчиите“ со 2-1.
Отворениот и офанзивен фудбал продолжи и во вториот дел. По неколкуте шанси на двете страни, Мохамед Салах беше тој што ја искористи својата. Египетскиот репрезентативец во 81.минута погоди за израмнување на 2-2.
Нерешениот исход и по едниот освоен бод, најмногу му оди во полза на актуелниот шампион Манчестер Сити. Популарните „граѓани“ останаа на 1.место на табелата со бод повеќе од Ливерпул, а пет од Арсенал кој е трет.