Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија бележи прогрес на најновата ранг-листа на ФИФА.

Со двете победи на Летонија и Ерменија во октомврискиот циклус на Лигата на Нациите, Македонија скокна три места погоре. Така сега нашата репрезентација е рангирана на 69-тото место.

Избраниците на Милевски следниот месец ќе гибодиграат последните два натпревари и тоа на домашен терен во Скопје. Победи над Летонија и Фарските острови сигурно би донеле и нов прогрес.

Што се однесува до врвот, таму е актуелниот светски шампион Аргентина пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил.