Ракометарите на Вардар ги очеува нов предизвик во Лига на Европа. Вечерва во Скопје во рамките на 3.коло гостува повеќекратниот учесник во Лигата на шампионите поругалскиот тим Порто. Ова е еден од важните натпревари за „црвено-црните“ особено што евентуален триумф по три одиграни натпревари би имале предност во однос на конкурентите за второто место (Мелсунген е прв фаворит за местото број 1 во групата).
По убедливиот пораз во претходното коло во Германија од Мелсунген, Вардар со триумф над Порто ќе „ги залечи раните“.
Тренерот Владо Недановски се соочува со проблеми околу составот особено што нема да може да смета на Вуко Борозан (откако бил искасан од кучиња), а од претходно и на Дмитро Горига. Во секој случај домашниот терен треба да забиде предност за екипата на Вардар, а со помошта на публиката да се стигне и до вторатата победа во групата.
Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот и се игра вп СЦ „Јане Сандански“, а во истиот термин се игра и вториот дуел од групата меѓу Мелсунген и Валур.
На чело на табелата е Мелсунген со 4 бодови, Вардар има 2, Порто и Валур по 1.