Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер остана без тренер. Ова откако пелистерци убедливо беа поразени во дербито со Алкалоид одигран вечерва.

Имено како што кратко објавија од клубот, Бранислав Ангеловски си поднел оставка.

Истата е прифатена па од таборот на битолскиот клуб му посакаа среќа на Ангеловски во неговата понатамошна кариера.