Џон Стоунс е повторно херој на Манчестер Сити, бидејќи со неговиот гол во судиското продолжение Сити триумфираше над Вулверхемптон (2:1).
Домаќините први стрелаа со голот на Странс Ларсен во 7-та минута. Сити израмни преку Јошко Гвардиол кој патот до мрежата го најде во 33-та минута.
Во вториот дел Сити згазна со сите сили, но Вулвс се покажаа како „тврд орев”, и се држеа до пред самиот крај. Сепак, по серија корнери, Џон Стоунс повторно беше херој, како и на дуелот против Арсенал. Победничкиот гол го постигна Стоунс во 95.та минута.
По 8 кола во Премиер Лигата, Манчестер Сити е лидер со 20 освоени бода. Вулвс се заковани на дното со само 1 освоен бод.