Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од 10-тото коло. Екипата на Работнички остана единствената непоразена.

Ова откако „Романтичарите“ го добија дербито против Гостивар со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Мазари во 15-тата минута. За гостиварци ова беше прв пораз сезонава.

Вториот дерби дуел од ова коло се одигра во Струга. Шампионот Трим Лум претрпе дебакл од Силекс од кој загуби со 1-4. Гостите од Кратово поведоа со голот на Босанецот, Алиќ во 61-та минута. Израмнувањето стигна брзо, во 75.минута кога по корнерот од десната страна Радиќ се најде на вистинското место. Но тука не беше крајот. Фудбалерите на Силекс во завршните пет минути постигнаа уште три гола со кои ја запечатија судбината на шампионот.

Екипата на Вардар го претрпе третиот пораз во низа, а вкупно седми сезонава. Вардарци на гостувањето во Гостивар загубија од Беса со 1-2. Џемаил Есати во 10.минута им донесе предност на домаќините. На гол се чекаше до 73-.минута кога Омерагиќ го искористи поклонот од домашниот голман. Но, црвено-црните не успеаја да се извлечат од пораз бидејќи Самаке во 85-тата минута гои постигна вториот победнички гол за Беса.

Во Струмица, екипите АП Брера и Воска одиграа без победник со по еден постигнат гол. На дуелите во Битола и Кавадарци немаше голови.

ПРВА ЛИГА – 10.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС 1-4
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-0
БЕСА – ВАРДАР 2-1
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-0
АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-1

Сите голови од ова коло може да ги гледате на едно место (овде)