По репрезентативната пауза и настапот на Македонија во Лигата на нациите, продолжуваат возбудувањата во Првата фудбалска лига.
Утре на програмата се дуелите од 10.коло во кое дербито ќе се игра во Скопје. На арената „Тодор Проевски“ ќе се сретнат досега не поразените екипи на Работнички и Гостивар.
„Романтичарите“ од Дебар маало во овој натпревар влегуваат од лидерската позиција на табелата со еден бод повеќе од Шкендија и два од денешниот ривал Гостивар.
Тетовчани пак ги очекува гостување во Кавадарци на „жешкиот“ терен на Тиквеш кој е во голема резултатска криза. За кавадарчани секој бод е важен па затоа на Шкендија нема да и биде нималку лесно да впише ново бодови на своето конто.
Неизвесност се очекува и во Струга. Актуелниот шампион Трим Лум го пречекува кратовски Силекс во натпреварот на четврто и петто пласираните екипи на табелата.
Сигурно дека помалку интересни нема да бодат и останатите три натпревари. Дуелите на екипите кои се во втората половина од табелата се важни, па затоа неизвесност се очекува и на овие средби.
Вардар кој е во низа од три порази гостува во Гостивар кај Беса. Во Битола, Пелистер го пречекува Шкупи, а во Струмица, АП Брера е домаќин на Воска спорт.
Сите натпревари ќе почнат во терминот од 14 часот, а може да ги гледате на едно место ВО ЖИВО ОВДЕ.