Шпанецот, Марк Маркез е победник на 17-тата трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за Големата награда на Австралија.
Осумкратниот светски шампион до својата трета победа сезонава, а вкупно 88-ма во кариерата, славеше со секунда предност во однос на сонародникот Хорхе Мартин.
На подиумот им се придружи актуелниот шампион Франческо Бања, кој заостанува девет секунди зад својот конкурент во борбата за титулата.
Сега Мартин ја зголеми предност во генералниот поредок на 20 бода, а до крајот на сезоната остануваат уште три трки. Следната ќе се вози наредниот викенд за Големата награда на Тајланд.