Во мапката ракометна Супер лига денеска на програмата се два натпревари. Во првиот од 13.30 часот својот меч од седмото коло ќе го играат Струга и Радовиш.
Дербито на оваа рунда ќе се игра во Битола, каде шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува Охрид, екипа која досега има максимален ефект.
Охриѓани на шесте одиграни натпревари забележаа исто толку победи. Популарните „Гладијатори“ со својата игра покажаа дека не случајно сезонава се вбројуваат во потесниот круг на екипи кои претендираат за трофеите. Но допрва Охрид го очекуваат тешките натпревари со ривалите на највисок пласман.
Сепак, сега се пред голем предизвик да го одржат тој „скор“ или да останат не поразени.
Првиот предизвик е шампионот Еурофарм Пелистер кој во денешниот натпревар ќе влезе дополнително мотивиран. Ова откако пелистерци стигнаа до првиот бод во елитната Лига на шампиони на мечот со Спортинг на кој одиграа одлично.
Дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе почне од 18 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.