Ракометарките на Металург ја остварија и третата победа во три дена. Откако вчера и завчера ги совладаа Овче Поле и Пелистер, на домашен терен, денеска славеа на гостувањето кај Куманово.
Во натпреварот од 6.коло на женската Супер лига, Металург Автокоманда го победи Куманово со 24-20.
По рамноправното прво полувреме по кои гостинките заминаа со два гола предност (9-11), тимот од Автокоманда во вториот дел го скрши отпорот на кумановки. Во 40-та минута Металург поведе до седум разлика (21-14),
Ова беше натпревар од Б групата во која Металург е лидер со пет победи на исто толку одиграни натпревари. За Куманово кој стартуваше со три победи ова е прв пораз, но остана на второто место на табелата. Од тој момент веќе беше јасни дека двата бода ќе патуваат за Автокоманда. Конечниот резултат гласеше 24-20 за Металург.
Денеска се одигра и еден натпревар од „А“ групата во кој екипата на Скопје како гостин во Штип го победи Астибо минимално со 32-31. Лидер во оваа конкуренција е тимот на Чаир (6) кој денеска има обврски на европската сцена. По шест бода досега собраа Астибо и Скопје.