Екипите на Охрид и Маџари ќе ја отворат новата сезона во Втората машка кошаркарска лига на Македонија. Токму овие два тима се вбројуваат во главните фаворити за првите две позиции кои носат прволигашки статус догодина.
Охриѓани кои лани го искусија тоа, секако ќе сакаат брзо да се вратат во елитата. Тимот на Маџари за малку лани не успеа да се избори за место во Првата лига. Затоа годинава со нов тренер и неколку искусни засилувања, составот од скопската населба Маџари ја има фаворитската улога број 1.
Но со свои амбиции се и упорните штипски Соколи, велешкиот Борец, како и новајлијата во оваа конкуренција скопски Бутел.
Тука некаде се заокружува групата на екипи кои ќе атакуваат на место во финалето, кое води во Првата лига. Сепак, изненадувања секако се можни, а за тоа ќе се обидат пред се младите кошаркари на Водно Санс, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Сезоната ќе биде интересна и долга, а возбудувањата гарантирани.
Натпреварите од второлигашката конкуренција ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ, на едно место.