Во шестото коло од женската ракометна Супер лига, попладнево се одиграа два натпревари.
Во првиот екипата на Вардар се соочи со Деспина, дуел во кој црвено-црните лесно и убедливо славеа победа со 39:17.
Во шестата минута, домашната екипа успеа да поведе со 5:0. Вардарки продолжија да ја зголемуваат предноста, па со серија од 5-1 поведоа со 12:5. Иако Деспина неколку пати се обиде да ја намали разликата, домашните не дозволија пресврт. На полувреме заминаа со убедлива предност од 17:9.
Во втората половина Вардар само ја зголемуваше предноста што ја создаде претходно. Така со серија 8-1 домашната екипа поведе со двоцифрена разлика 23:13. Црвено-црните во 52-та минута ја зголемија предноста на 32:17, а крајниот резултат беше 39:18.
Најефикасни од Вардар беа Миленовска и Поповска со шест погодоци, додека од Деспина Цветковска и Јовановска постигнаа по пет гола.
Во вториот натпревар одигран попладнево ракометарките на Металург Автокоманда славеа во дуелот со Пелистер со 28-17.
Тимот од Автокоманда утре го чека нов натпревар и тоа на гостински терен против Куманово. За утре закажан е и натпреварот меѓу Астибо и Скопје.
Ивона Кимовска