И официјално ФК Вардар има нов сопственик. Станува збор за Унгарецот, Атила Бижен Жалили кој откупил 85% од акциите на клубот. Се работи за бизнисмен со турско потекло, кој раководи со компанија за производство на енергија од обновливи извори.
Во обраќањето до јавноста новиот газда Жалили потврди дека акциите на Вардар ги купил на 7 октомври.
„Со нашето долгогодишно искуство во менаџирање на фудбалски гиганти и соработката со многу славни фудбалски клубови од Европа, ние ќе обезбедиме брза финансиска, организациска и резултатска консолидација на најголемиот спортски бренд во Македонија“, стои во дел од соопштението на новиот газда на Вардар“.
Вардарци сезоната ја започнаа со големи амбиции и желба за излез на европската сцена. Засега не оди според планот па црвено-црните со само 7 освоени бодови од можните 27 се на претпоследното 11-то место на табелата.