Ненад Димитријевиќ се радуваше на победа во „македонското дерби“ против Ти Џеј Шорц во кошаркарската Евролига. Во дуелот од 2.коло одигран во Милано, Армани го совлада Париз со 79-74.
Интересен натпревар одиграа овие екипи во чии редови настапуваат двајцата македонски репрезентативци. Екипата на Ти Џеј Шорц, Париз во првиот дел беше за нијанса подобра па на одмор замина со четири поени предност (35-39).
И во вториот дел се играше израмнето. Ниту еден од тимовите не успеа да направи двоцифрена предност, а најголемата ја имаа парижаните со 8 поени.
Што се однесува до персоналниот ефект на македонските репрезентативци.
Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 9 поени и 3 скокови. Неговата „замена“ во дресот на Македонија, Шорц беше најдобар стрелец во тимот на Париз. Американецот реализира 17 поени, на кои додаде 8 асистенции и 4 скока.
За „манекените„ на Армани ова беше прва победа, а Париз и Шорц ќе мора тоа да го стори во некој друг натпревар.