Ракометарките на Вардар забележаа една од неубедливите победи во женската Супер лига.
Вардарки во петтото коло го пречекаа тимот на Шампион против кој Црвено-црните беа незапирливи триумфираа над Шампион со 58:14.
На почетокот на натпреварот, Вардар брзо се наметна, поведувајќи со 4:1 во третата минута. Потоа, следуваше импресивна серија од 21-0 за „црвено-црните,“ со која заминаа на полувреме со убедлива предност од 29:3.
Во второто полувреме, „црвено-црните“ продолжија со рутинска игра, а Шампион немаше шанси да ја. намали негативата. Црвено-црните во 40-тата минута поведоа со максимални +36(40:6).
До крајот на натпреварот, Вардар успеа да го одржи водството и да слави со убедливи 58:14,
Најефикасни од Вардар беа Миленковска со дванаесет и Попова со шест погодоци, додека од Шампион Бојковска даде пет гола.
Ивона Кимовска