Фудбалска репрезентација на Македонија ја очекуваат два натпревари на гостински терен во Лигата на Нациите против со Летонија и Ерменија.
По двете одиграни кола во „Ц“ лигата, Македонија со 4 бода е лидери на табелата во втората група.
Давид Бабунски смета дека репрезентацијата оди по правиот пат што ја сметаа за фаворит во групата. Воедно фудбалерот на шкотскиот Данди Јунајтед, очекува дека Македонија ќе остана на првата позиција и по овие натпревари.
Бабунски верува дека од гостувањата во Сконто и Ереван, црвено-жолтите можат до нови шест бода.
„Сигурно правиме доста работи добро штом фудбалскиот свет не гледаат како фаворити во оваа група.
Но мислам дека ние треба да се држиме скромни и да продолжиме да се бориме за оваа шанса, единство можеш имаме да направиме е многу убаво.
Нема да биде лесно особено што играме во гости. Денес сите репрезентации, сите земји го развиваат нивниот фудбал.
Немаме многу време да се спремиме, но ќе анализираме да ги идентификуваме нивните слаби точки и ние да ги искористиме нашите нашите оружја, за да одиме и да ги освоиме сите шест бода на двата натпревари“,
изјави Бабунски.
Првиот натпревар против Летонија македонските фудбалери ќе го играат во четврток (10 октомври), а три дена подоцна (14 октомври) гостуваат кај Ерменија.