Ракометарите на Бутел и Тиквеш славеа очекувани и убедливи победи во дуелите со Радовиш и Прилеп.
Во натпреварите од 6.коло на Супер лигата, Бутел пред своите симпатизери го совлада Прилеп со 25-18. Скопјани отпорот на противникот го скршија во последниот квартал од натпреварот, откако резултатот беше израмнет 16-16. Бутел направи серија од 6-1 која прилепчани не можеа да ја надополнат.
Тиквеш пак како гостин беше уште поубедливи против Радовиш. Од самиот почеток кавадарчани постојано ја контролираа играта и резултатот. Имаа и најголеми 14 гола предност, за на крајот да славата со 12 (35-23). За Тиквеш ова беше само втората победа во новата сезона. Во следното коло толку Тиквеш и Бутел ќе играат во меѓусебен дуел.
Оваа шеста рунда ќе биде заокружена утре со натпреварот во Автокоманда, каде Алкалоид кој досега е перфектен (5 од 5 победи) ја пречекува Струга.
Лидер на табелата е Охрид со максимални 12 бодови, пред Алкалоид, Вардар и Еурофарм Пелистер со по 10. Тимот од Автокоманда има натпревар помалку.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 6
недела
РАДОВИШ – ТИКВЕШ 23-35
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 25-18
Претходно одиграно
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 28-25
КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-35
ОХРИД – ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ 35-18
понеделник
17:00 часот АЛКАЛОИД – СТРУГА