Фудбалерите на Брајтон направија големо изненадување совладувајќи го фаворизираниот Тотенхем. На дуелот од 7.коло во Премиер лигата, Брајтон пред своите симпатизери славеше над „Спарс“ со 3-2.
Иако гостите од Лондон имаа два гола предност, сепак тоа не беше доволно на крајот да освојат барем бод, а не пак да се радуваат. Тотенхем го доби првиот дел со 2-0 со головите на Џонсон (23) и Медисон (37).
Сепак, во вториот дел Брајтон го надигра противникот.
По само три минути игра Минтех намали на 1-2. Веќе во 58-та минута дојде израмнувањето преку Ратер (2-2). Делириумот на навивачите на Брајтон го донесе Дани Велбек со погодокот во 66.минута за водство од 3-2.
Со оваа победа Брајтон од 11-тото скокна на 6.место на табелата со два бода повеќе (12) од Тотенхем (10) кој од сега е деветти.