Ракометарките на Вардар во четвртото коло на Супер лига гостуваше кај тимот на Соартак. Црвено-црните успеаја да совладаа победа со 29:24.
Вардарки на почетокот успеаја да поведат со 10:2. Спартак дадоа напор и во 18-тата минута ја намалија негативата на 12:8. Црвено-црните со серија 3-0 ја зголемија предноста на +8 (15:9). На полувреме црвено-црните заминаа со позитива од 16:10.
Во втората половина Вардар ја одржуваше предноста што ја создаде во првото полувреме. Спартак со серија 5-0 ја намали негативата на 24:20. Но, црвено-црните не дозволија да израмнат и веднаш поведе со +5 (27:22). Крајниот резултат беше 29:24.
Најефикасни од тимот на Вардар беа Миленковска и Јасмина Попова со 5 погодоци, додека од Спартак Зорица Андоновска постигнаа 11 гола.
Ивона Кимовска