Кошаркарскиот шампионат ба Македонија, односно Првата лига, започнува денеска и тоа со тројна програма во СЦ „Кале“.
Сезоната 2024/2025 ќе биде ја отворат екипите на ТФТ и новајлијата МКК Куманово. Веднаш по нив шампионот МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата ќе ја почне со дуелот против повратникот во прволигашкото друштво Шкупи.
Денот во „Кале“ ќе биде заокружен со натпреварот меѓу Работнички и Феникс.
Три натпревари се предвидени и за во недела, а први на паркетот во малата сала на „Кале“ ќе излезат кошаркарите на Вардар и Гостивар. Во Кавадарци кај Тиквеш ќе гостува вицепрвакот Пелистер, а на „жешкиот“ терен во Чаир истоимената екипа го пречекува Кожув.
Како и изминатите и оваа сезона екипите ќе одиграат по 22 натпревари, по што ќе се знае кои ќе разигруваат за титулата, а кои за опстанок.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло
Сабота
13.00 ТФТ – МКК КУМАНОВО
16.00 ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
Недела
15.00 ВАРДАР – ГОСТИВАР
18.00 ТИКВЕШ– ПЕЛИСТЕР
19.00 ЧАИР – КОЖУВ