Екипата на Реал Мадрид дојде до триумф од 2:0 против Виљареал. Кралевите се вратија на победите после „морбидното” издание против Лил.

Кралевите дојдоа до рутински триумф без премногу напор. Во првиот дел во 14.та минута, по краток корнер изведен од Лука Модриќ, Феде Валверде стрелаше за 1:0.

Во вториот дел натпреварот продолжи со ист интензитет како и во првиот дел. Конечните 2:0 ги постави Винициус со „еврогол” којшто го постигна во 73.та минута.

Реал Мадрид со 21 бод на 9 одиграни кола е на втората позиција. Виљареал се наоѓа на 3.та позиција со 17 бода на 9 одиграни кола. Лидер е Барселона со 21 бод на 8 одиграни натпревари.