Со натпреварот Работнички – Феникс кој домашниот тим го доби со 90-85 комплетирана е денешната програма од воведното коло на новата сезона во Првата машка кошаркарска лига.
Ова беше последниот од трите натпревари што се играше во салата на СЦ „Кале“.
Работнички одлично го полна натпреварот, а со погодени 7 тројки од 10 обиди го добија периодот со 33-19. Затоа пак во вториот период одиграа очајно. Реализираа еден поен на стартот, па на противникот му дозволија да направи серија со 19-0. Четвртината црвените ја завршија само со 8. Затоа на полувремето гостите заминаа со предност од 13 поени (41-54).
Во второто полувреме, Работнички ја надополни негативата на на статутот на последниот период поведе со 71-68. Тимот од „Градски парк“ знаеше како да го искористи моментот и на крај да го приведе натпреварот во своја полза со конечни 90-85.
Прв стрелец во победничката екипа беше Стојан Ѓуровски со 28, додека Робев и Полутак постигна 15 поени. Бадијала останаа 37-те поени на Американецот, Грант кога неговата екипа загуби.
Претходно победи забележаа МЗТ Скопје Аеродром и ТВФ. Колото ќе иде комплетирано утре со три нови натпревари.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло
Сабота
ТФТ – МКК КУМАНОВО 81-70
ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 59-95
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 90-85
Недела
15.00 ВАРДАР – ГОСТИВАР
18.00 ТИКВЕШ– ПЕЛИСТЕР
19.00 ЧАИР – КОЖУВ