Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа натпреварите од деветтото коло.

Шампионот Струга Т.Л. славеше убедливо на гостувањето кај Вардар со 4-1 . Гостите поведоа уште во третата минута со голот на Камбери по заспаноста на вардаровата одбрана. речиси иста, лоша, реакција имаше и гостинската одбрана во 23.минута, а тоа го казни Босанчиќ за израмнување на 1-1. Сепак во финишот на првиот дел (41) Компаоре одново и донесе предност на Струга (2-1). Во вториот дел повторно на сцена стапи Компаоре кој во 66.минута зголеми на 3-1, а конечните 4-1 ги постави Кехинде во 74-тата минута.

Фудбалерите на Работнички славеа победа на гостувањето во Охрид против Воска спорт со 2-0. Ирецот, Али Регхба во 40-тата минута им донесе предност на „Романтичарите“. Победата ја потврди Мазари во 75-тата минута.

Работнички го презеде првото место од Шкендија која во дербито во Кратово одигра без голови 0-0 со Силекс. немаше голови и на натпреварот во Битола меѓу Пелистер и Тиквеш.

Екипата на Гостивар и по оваа рунда останува не поразена, како и Работнички. Гостиварци одиграа 1-1 против Беса. На натпреварот одигран во Маџари, екипата на Гостивар поведе во 61.минута со голот на Ивановски, а израмни Скендери во 84-тата минута,

Екипата на Шкупи им се врати на победите совладувајќи ја АП Брера. Чаирчани брзо постигнаа два гола во преку Едминдсон во 6-тата и Јапонецот, Канда во 21-та минута. Гостите од Струмица намалија во 43.минута преку Ивковиќ. Во вториот дел домаќините преку Ајетивиќ во 73.минута ја потврдија победата со конечни 3-1

Нов лидер на табелата е Работнички со 19 бодови, бод повеќе од Шкендија, а два од Гостивар.

Сите голови од оваа рунда може да ги видите овде на едно место.

ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-0
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л. 1-4
ГОСТИВАР – БЕСА 1-1
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0
ШКУПИ – АП БРЕРА 3-1
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 0-2